Дело од Маја Рауник-Кирков на 5. Меѓународно триенале за графика во Белград

Акватинта од уметницата Маја Рауник-Кирков е изложена на петто Меѓународно триенале за графика во Белград што го организира Здружението на ликовни уметници на Србија. Изложбата е отворена во ликовниот павилјон „Цвијета Зузориќ“. На триеналето со свои дела се претставуваат професионални уметници, домашни и странски, како и студенти од завршните години на факултетите за уметност.

Д-р Маја Рауник Кирков е редовен професор по Методика на ликовно образование на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Ги истражува прашањата што се однесуваат на ликовното образование во раната возраст, визуелната писменост и примената на современите визуелни техники во ликовното образование. Автор е на два универзитетски учебници, прирачници за предучилишно воспитание, како и на научноистражувачки трудови објавени на научни конференции. Учествувала во неколку едукативни истражувања, како и на повеќе од 100 меѓународни ликовни изложби.

Сподели