Delirium Tremens од Благоја Ристески Платнар беше изведена синоќа на Сцената 105 во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Изведбата на актерот Игор Трпчески беше во рамките на роденденската недела на театарот, што одбележува 76 години постоење.


-Од сатира до антидрама која „го брише“ просторот меѓу публиката и сценската изведба. Со силен интензитет и динамика на перформанс, меѓу мелахнолија и психичко лудило, но едновремено функционална и како една генерална метафора на колективната состојба за перцепција на реалноста, „Тременс“ одлично се вглоби на Сцена 105 – напиша Александар Еленин.
Фото: Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп





