Во салата од Спомен-домот АСНОМ во организација на КУД „Гоце Делчев“ и Општина Делчево вечерва во 19 часот ќе биде организиран свечен концерт. Ова е една од активностите што општината ја организира во чест на одбележувањето на 150 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев.
Во рамки на програмата за одбележување на јубилејот од раѓањето на патронот на Делчево која се реализира под мотото „Делчево во чест на Гоце“ предвидени се повеќе содржини, а настаните започнаа со изложба на најразлични пишани материјали, документации и наслови од архивите на делчевската библиотека кои зборуваат за животот и делото на Делчев.
– Како дел од одбележувањето на настанот библиотеката „Илинден“ во соработка со КУД „Гоце Делчев“ по повод значајниот датум распишаа литературен конкурс на тема „Гоце-наша ѕвезда водилка“ поттикнувајќи ги младите делчевци да творат за ликот и делото на Делчев, а исто така, своја задача имаа и талентираните ученици за ликовна уметност кои подготвија своја мини изложба која ќе биде изложена, во просториите на библиотеката, истакнаа од Општина Делчево.
Дел од цртежите и од творбите ќе бидат претставени и вечерва во Спомен домот АСНОМ.