Дела од „Мал битолски Монмартр“ во Прилеп

Во Ликовната галерија во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, утре во 13 часот ќе биде отворена изложбата на дела од „Мал битолски Монамртр“. Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ е основано во 1968 година како визија која низ годините преминала во основна мисија на идејниот творец, ликовниот педагог Коста Хаџи- Антоновски.

Почнувајќи од 1981 година студиото е организатор и реализатор на двете најголеми детски ликовни манифестации на глобално ниво. Светската детска ликовна изложба „Битола” на чиј конкурс во текот на една календарска година се пријавуваат над 80 држави со околу 45.000 детски ликовни творби од над 35.000 ученици од над 800 приватни и државни школи. Оваа манифестација свечено се отвора секој 23 мај за тековната година и трае како поставка до следната година.

Со над 2 милиони детски ликовни цртежи од постоењето на оваа манифестација, истата во 1995, 1996 и 1997 година три пати е заведена во Гинисовата книга на рекорди како најобемна по пристигнатите изложени дела.

На ИОК е редовен гостин на Олимписките игри од 2000 година како промотор на уметноста. Бил на шест олимпијади без прекин. Во 2024 година ќе биде гостин на Олимписките и Параолимписки игри во Париз – Франција.

Манифестацијата традиционално се отвора секоја година на 23 мај во очи патрониот празник на светите браќа Кирил и Методиј и трае до 30 мај при што во седум дена се реализираат и ликовни еднодневни каравани до Охрид – Вевчани – Крушево – битолското село Буково и 1000 годишниот Манастир „Свети Јован Бигорски”.

Сподели