Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела создадени на Меѓународната ликовна колонија Ѓуриште во изминатите две години. Ќе бидат претставени дваесеттина дела кои ќе понудат увид во креативниот творечки процес на талентираните уметници од различни делови на светот.
Изложбата е резултат на напорите на организаторот на колонијата, Домот на културата „Крсте Мисирков“ во Свети Николе да одржи континуитет во работата на колонијата. Изложбата ќе прикаже разновидност на стилови и техники, демонстрирајќи ја воедно моќта на уметноста како дисциплина која има можност да поврзува луѓе и идеи. Изложбата ќе биде поставена до 7 ноември.