Дела од ликовната колонија „Дрен 2020“ во Штип

Меѓународната ликовна колонија „Дрен 2020“ од Прилеп од вчера гостува во Галерија ’22 во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Стремежот кон приближување до светските современи ликовни тенденции, артикулирани преку апстрактниот пејзажизам и геометриската апстракција, ги обединува ликовните автори на делата претставени на сликарската колонија „Дрен 2020“. Богатството на колористичните звуци и вибрации на лирските апстракции се одбиваат од ѕидната површина и акустично се дифузирааат низ етерот. При тоа, со одѕвонувањето на боените звуци, авторите го декодираат клучот на една имагинарна реалност и димензија. „Дрен“ постои од 2008 година и оваа година ја организира сопствената 12 колонија.

На изложбата учествуваат 14 уметници, меѓу кои: Џигдем Ѓуллу, Ибрахим Беди, Мирко Вујисиќ, Микица Трујкановиќ, Драган Најденовски, Марија Стојаноска Петковски, Тони Чатлески, Мирјана Крстева Масети, Владимир Темков, Жани Гелевска, Марјан Стојаноски, Александра Димитрова, Ангел Коруновски и Тамара Танкоска.

Сподели