Во неформална атмосфера, на отворено, во општествена градина „Бостание“ во Општина Аеродром, вчера Europe House Скопје продолжи да го одбележува вториот роденден. Под есенското сонце и амбиенталните звуци на „Perija“, амбасадорот на Европската Унија во змејава, Дејвид Гир и неговиот заменик, Џулијан Васало се сретнаа со ентузијатите и активистите за животна средина, меѓу кои и „Зелената арка“, вредни активисти на општествената градина. Автентичноста на настанот ја зачинија и кулинарските можности на тимот на „Гранче“.

Europe House Скопје во текот на цел ноември го одебележува вториот роденден со различни настани. Минатата недела ученици од скопската гимназија „Никола Карев“ приредија музички спектакл директно од нивното школо.

Фото: Europe House Скопје

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.