Дејан Трајкоски ги промовира „Прозарт медиа“ и „ПРО-ЗА Балкан“ на Саем на книгата во Ченаи, Индија

Издавачката куќа „Прозарт медиа“ и Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ беа претставени на Интернационалниот саем на книгата во Ченаи, Индија, од 16 до 19 јануари. Уредникот Дејан Трајкоски беше поканет и како модератор на панел дискусијата „Преведување на култури“, со издавачи од четири континенти.
Саемот и отстапи на „Прозарт медиа“ штанд на кој беа промовирани неколку македонски дела, фестивалот ПРО-ЗА Балкан и Скопје фелоушип програмата.

Интересно е што Саемот се одржува во индиската држава Тамил Наду, каде што официјален јазик е тамил, најстариот жив јазик во светот и единствен жив антички јазик. Од повеќето средби со издавачи од светот и од Индија, „Прозарт медиа“ имаше состанок и со еден од најпознатите издавачи кои издаваат книги на јазикот тамил.

Издавачот, којшто на тамил ги превел книгите на Орхан Памук, Силвија Плат, Достоевски, Дејвид Гросман, Албер Ками, а од регионот и Исмаил Кадаре, Андреј Блатник, појави интерес за превод на книги од македонски јазик.

Тамил го говорат околу 78 милиони луѓе, во Индија, Шри Ланка, Сингапур….

Сподели