Првиот концерт на Првиот инклузивен градски хор на здружението „Трисомија 21“ ќе се одржи вечерва во 18.30 часот на плочник кај Градски ѕид, Блок 13 (потегот околу Соборен храм, позади Клуб на новинари). Преку опејување на хитови од македонската народна и забавна музика ќе го разбудиме градот од попладневна дремка со детски вик за радост да му краси лик, велат организаторите.

Хорот е создаден во заедничка соработка и менторство на „Колектив Ветерница“ и е поддржан од Град Скопје. Учествуваат: Марио, Стефан, Ена, Матеј, Филип, Илина, Оли, Ники, Бети, Даре и Коста.

Плакатот за настанот го изработи Владимир Лукаш.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.