Дебата за сито печат, стрип и графити во Социјалниот центар „Дуња“

Сито печат, стрип и графити се тема на денешната дебата во рамките на конференцијата „Стратегии во уметноста“ која ќе се одржи во 19 часот во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје. На панелот ќе учествуваат: Билјана Димитрова (Партизанска штампа), Ивана Мирчевска и Наташа Неделкова (Кула), Ѓорѓи Митревски (Еко свест, Партизанска штампа), Никола Темков (Стрип-трип), Младен Трендевски (Графити фест), Васко Цацаноски (СЦ Дуња), Билјана Кочоска и Јан Станков (јapan@mk). Следува концерт на The Local Blue.

Дебатата се организира во рамките на 15. сезона на уметничката резиденција „Креативен викенд“. Целите на оваа конференција се да се види кој со што придонесува за уметничката сцена, да се укаже на слабостите и можните решенија, да се проговори за тоа што недостасува, и како би можела да се подобри инфраструктурата којашто им овозможува на уметниците подобар амбиент за нивното творење и поддршка на промоција на нивните дела во Македонија и надвор од неа.

Фото: Архива

Сподели