Дебата во село Смилево: „Вештачката интелигенција, културниот идентитет и личноста“

„Вештачката интелигенција, културниот идентитет и личноста“ е темата на јавната дискусија што ќе се одржи денеска во 18.30 част во бифето во демирхисарското село Смилево. На дебата ќе учествуваат: проф. д-р Благој Ристевски, декан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола, проф. д-р Ивица (Иван) Џепароски, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, проф. д-р Александар Прокопиев, професор на Институт за македонска литература и архимандрит Кирил од Бигорскиот манастир.

Дебата го организира Манифестацијата Смилевски конгрес.

Сподели