„Дарувај книга – размени книга“ е наречена иницијативата во Македонска Каменица како обид да се подобрат услугите во Градската библиотека преку зголемување на фондот со нови книги. Во акцијата улествуваат библиотеката, невладиниот сектор, приватни компании и Општина Македонска Каменица.
– Неколку општествено одговорни компании од Македонска Каменица веќе се вклучија во иницијативата. Очекуваме за краток рок библиотека да добие стотици нови наслови – велат од општината.
Фото: Pixabay