Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд во маратон

Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд во маратон 2:08:25. Тој се впиша историја во македонската атлетика! На денешниот маратон во Севиља, Шпанија, на кој на стартната линија се појавија преку 250 елитни маратонци од целиот свет со цел да исполнат норма или што подобар резултат за учество на Олимписките игри во Париз и Европското првенство во атлетика во Рим. Овој резултат е само 15 секунди до олимписката норма за Париз и исполнета норма за учество на Европско првенство во атлетика во Рим.

Со овој резултат Дарио ќе скокне на ранг листата за учество на Олимписките игри во Париз, со што би требало да значи и обезбедено место за олимпискиот маратон во Париз.
Досегашниот македонски рекорд кој Дарио го постави на 3 декември 2023 во Валенсија, Шпанија,  изнесуваше 2 часа 11 минути и 53 секунди.

Сподели