Средношколците Дамјан Давков и Алексиј Тасиќ освоија златни медали на 32. Македонска математичка олимпијада што се одржа викендов на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а го организираше Сојузот на математичарите на Македонија.
На натпреварот учествуваа 39 ученици од цела Македонија. Оние што освоија од 11 поени нагоре имаат право да учествуваат на тестот за избор на македонската екипа за Балканската математичка олимпијада 2025. Тестот ќе се одржи на 12. април. СММ им честита сите учесници за прикажаните знаења.






