Дали водата од чешма има хлор, ако е побелена?

Дали водата од чешма има хлор, ако е побелена? Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет од Скопје почна серијата објави под хаштагот #МитИлиФакт, со кои на едноставен и разбирлив начин ќе ги разобличуваат заблудите или митовите во кои секојдневно се верува, а кои науката ги има побиено.

– Во време кога информациите се шират брзо, а проверката на фактите е побавна, со оваа иницијатива сакаме да ја приближиме науката до јавноста и да поттикнеме на критичко размислување. Да се прашуваме, да проверуваме и да размислуваме – велат тие.

Сподели