Дали би ноќевале среде карпа на 200 метри надморска височина? Алпинистот Дарио Милошевиќ во #05 епизода на „Умен поткаст“

Ноќевање на монтажен кревет прицврстен среде карпа на 200 метри надморска височина во прекрасниот пејзаж на Демир Капија. Ова е една од авантурите што ќе ви ги приреди алпинистот Дарио Милошевиќ и неговиот тим од Rock Climbing Macedonia во Демир Капија.

За идејата да го промовира ова место во светот, за потенцијалите што ги има, за љубовта кон планината, кон карпите, за позивот да се спаси човечкиот живот без да се бара ништо за возврат… Дарио Милошевиќ е нашиот гостин во #05 епизода на „Умен поткаст“. Гледајте ја премиерата вечерва во 19 часот на Јутјуб каналот 101PodcastStudio.

Сподели