„Да се прочита макар една добра книга е како да си украл нечие туѓо време и со него да си го продолжил своето“

Kнижарницата ТРИ во Градскиот трговски центар слави 20 години од своето отворање. По повод јубилејот, денешниот ден во книжарницата во ГТЦ ќе биде одбележан со подароци за секој читател што ќе си купи книга. Од ТРИ ги покануваат сите љубители на литературата да се вклучат во прославата и да го одбележат овој значаен ден заедно со оние кои ја даваат смислата на книжарницата етаблирајќи ја како споменар на читателски мигови, сведок на интелектуални растења и чувар на безвременски приказни.

Веќе две децении ТРИ е културен светилник во срцето на Скопје.  Куриозитет е дека на 5 октомври 2005 година, токму великанот на македонската поезија и проза Петре М. Андреевски, ја пресече црвената лента заедно со основачката на Издавачкиот центар ТРИ, Винка Саздова.

„Да се прочита макар една добра книга е како да си украл нечие туѓо време и со него да си го продолжил своето. А има ли поголема награда од тоа да го одмориш својот живот користејќи го туѓиот кому веќе не му е потребен, зашто тој го потрошил многу години или многу векови пред вас. Ете, со овие зборови го завршувам своето чинодејствие и од овој час сметајте дека оваа книжарница е осветена и секогаш отворена за вас“, вели Андреевски.

Сподели