„Да ги слушнеме и гушнеме“ колку што е важна за возрасните, толку е важна и за оние по нив

Сакаме да ги чуеме и искористиме вашите животни искуства и да ги пренесеме на помладите
– истакна на денешната средба со пензионерите во општина Центар, генералниот директор
на „Халкбанк“, Билал Суџубаши

Секој ваш збор е нешто што сте преживеале, ваше искуство и не постои цена што тоа ќе го плати, подвлече Билал Суџубаши, генерален и извршен директор на Халкбанк АД Скопје, на денешната средба со пензионерите од општина Центар. Тој пред повозрасните сограѓани ја претстави кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ чија цел е поддршка на старите лица, но и подигнување на јавната свест за нивното место и значење во општеството.

– Како банка, за нас сметаат дека сме свртени кон управување со парите, но не е така, напротив, ние сме свртени кон луѓето, за нас вие сте важни. Сакаме да ги чуеме и искористиме вашите животни искуства и да ги пренесеме на помладите. Оваа кампања колку е важна за вас, толку е важна и за сите по вас на кои им ги оставате вашите зборови. Тоа е непроценливо – истакна Суџубаши.

„Халкбанк“ како општествено-одговорна компанија, работи платформи за екологија, за поддршка иправилен развој на децата, а сега се посветува и на повозрасните. Во изборот на слоганот внесени се многу лични искуства од брзото секојдневие во кое често нема доволно време да ги видиме и чуеме дури и најблиските повозрасни околу нас.

– „Да ги слушнеме и гушнеме“ е почит кон повозрасните, но и потсетување дека од нив можеме да научиме многу работи. Во моменот, низ повеќе градови пензионерите од здруженијата и домовите за стари лица пишуваат картички со совети за помладите, а децата цртаат цртежи или пишуваат творби за повозрасните. Планираме забави со доза на носталгија, кинопроекции, работилници и предавања за сите генерации. Кампањата е предвидено да трае до март следната година, но од нашето досегашно искуство, знам
дека ќе направиме сè таа да продолжи и понатаму – истакна Маја Наумовска Савеска, директор на маркетинг и корпоративни комуникации во банката.

Поздравувајќи ја целата иницијатива, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, го искажа и задоволството што токму општината е мост за соработка и поврзување на генерациите.

– „Халкбанк“ е наш долгогодишен поддржувач и пријател во многу проекти. Таков беше и неодамнешниот „Среќно прваче“ со кој ја започнавме учебната година. Веруваме дека соработката ќе продолжи и во делот на поддршка на нашите повозрасни сограѓани.

Со идеи за понатамошен развој на проектот несебично се вклучија и домаќините од Здружението
на пензионери. Среќни сме што можеме да учествуваме во кампањата, да испратиме совети. Би сакале да се
вклучиме и во креативниот дел, истакнаа тие.

– Нашиот хор има огромно искуство во многу домашни и меѓународни настапи, а на гостувањата низ домовите за стари лица, нашите врсници секогаш со весела насмевка ни се придружуваат во песната. Меѓу нас има и многу творци, писатели и поети – рече нивниот претсетадетел, Златко Стефановски.

Некогашни наставници, професори, банкари, лекари, сочинуваат една голема група активна во
многу сфери, љубопитна за нови нешта, па и за волонтирање. Тие се децидни дека професијата не
завршува со пензионирањето.

– Во нас е искуството, знаењето, но и храброста. Ова не е трето доба, ова е наше доба – порачаа нашите повозрасни сограѓани.

На средбата беа напишани и испратени многу совети кои ќе останат зачувани и архивирани на
картичките #чуваринамудроста. Следната фаза од кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ е пуштањето на истоимената веб-страница, која освен информации ќе биде и архива на сите активности.

Сподели