Миријам Леруа (1982) е белгиска новинарка и писателка, живее и работи во Брисел. Таа се смета за писателка што ги вкрстува уметноста и новинарството и многу често го користи сопствениот живот како примарен материјал за обработка. Леруа отвора деликатни прашања со брутална искреност, ги постила пред јавноста табуата на нашето општество, особено сексистичките, тие што сакаат да ја замолчат жената.
„Црвените очи“ е нејзиниот втор роман. Текстот е адаптиран и за театар.
Леруа е автор на документарецот „#Валканакурва„ со сведочења на жени од повеќе земји, меѓу кои и од Македонија, за алармантниот онлајн-говор на омраза и мизогинијата.
Леруа успева, со својот роман, да ја истакне актуелноста и итноста на овој проблем во денешниот свет. Да го отвори прашањето на неспособноста и немањето политичка волја на институциите, неподносливата затвореност на оопшеството. Виртуелното насилство не е само проблем на жртвата. Туку заеднички општествен проблем што го живеат над 70 отсто жени и што понекогаш ги води во трагедија.





