Претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, ќе го отвори 32. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, вечерва во 20 часот во Центарот „Антон Панов“. Фестивалот ќе се одржува до 13 септември.

Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Ристо Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи минатогодишниот лауреат, актерот Јордан Симонов, Билјана Крајчевска – драматург и режисерот Александар Ивановски.





