„Човек од мермер“, награден на Кан, ја отвора ретроспективата на Анджеј Вајда во Кинотека

Со филмот „Човек од мермер“ вечерва во 20 часот ќе почне ретроспектива на големиот полски режисер Анджеј Вајда. Филмот е снимен во 1977 година, по сценарио на Александер Шчибор-Рилски. Улогите ги толкуваат: Јержи Радзивилович, Кристина Јанда, Тадеуш Ломницки, Михал Тарковски.

„Човек од мермер“ ја освоил наградата на филмската критика ФИПРЕСЦИ на фестивалот во Кан (рамноправно со „Мирисот на полскоот цвеќе“ на Срѓан Карановиќ), како и наградата на полските филмски критичари.

Уште пет наслови ќе бидат прикажани во ревијата. Повеќе за изворот на филмовите и за значењето на Вајда во светската кинематографија, прочитајте на следниот линк.

 

Сподели