Читачот за „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска (ВИДЕО)

Во последната своја епиз0да во која промовира нови книги, Александар Маџаревски – Читачот се осврнува на последниот роман на Лидија Димковска, „Единствен матичен број“. Четвртиот роман е во издание на ТРИ.

– Станува збор за одлична приказна со три нивоа на читање на романот. Првото е што овој роман може да функционира како многу добар семеен роман, раскажувајќи за своето детство, за тешките односи во семејството, друга тема е идентитетот (напуштањето на домот, обидот да се најде дом на друго место). Трето и можеби клучно читање на овој роман е пустелијата и оттуѓувањето едни од други – вели, меѓу другото, Читачот.

Овој роман влезе во најтесен избор за наградата „Роман на годината“, што ќе биде прогласен в петок, на 15 март.

Сподели