„Чиста мобилност” – мото на Неделата на дизајн во Скопје

Поттик да се создаваат иновативни продукт решенија кои ќе бидат наши, функционални, еколошки и пазарно издржани

„Недела на дизајн во Скопје” – фестивал кој со години го третира индустрискиот дизајн и дизајнот на производ, ќе се одвива од 6 до 10 ноември во Јавна соба, Мала Станица и Литература – Дајмонд мол, но претходно следат и низа активности, работилници и предавања. Оваа година темата на „Неделата на дизајн во Скопје” е „Чиста мобилност”, а се најавува изложбен дел за компании, викенд pop up market, панел дискусии, работилници, стручни дизајн предавања, работилници за деца, како и програма во живо каде акцентот е секако на музиката. Амбициозната цел на овој фестивал е да се подигне свеста за функционалноста на дизајнот и создавањето иновативни продукт решенија, но овој пат со предзнакот еко и циркуларна економија.

Покрај стандардните повици за изложбен дел и pop up market, ќе има и трет повик овој пат целосно насочен кон велосипедизмот во Скопје и сите аспекти на решенија за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот.

Оваа година Skopje Design Week е дел од европската мрежа на манифестации Next gen Design за дизајн во друштво на „Миксер” од Белград, “What Design Can Do” од Амстердам, “Barcelona Design Week” и “Designaustria”. Сите платформи во фокус ја ставаат Зелената агенда и еко дизајнот на идните млади дизајнери под европскиот проект Next Gen Design.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Европската комисија.

Сподели