„Читајќи го Балканот“ со поетесата Радмила Петровиќ од Србија

Поетесата Радмила Петровиќ од Србија деновиве е во Скопје на книжевна резиденција во рамките на проектот „Читајќи го Балканот“. Критичарите ја опишуваат како еден од најинтересните современи српски поетски гласови, соопшти издавачката куќа „Готен“.
Петровиќ е родена во 1996 година во Ужице. Завршила Економски факултет во Белград. Како лауреат на 42-те Лимски вечери на поезијата ја објавила збирката песни „Мирисот на земјата“, а како победник на 22. Поетски конкурс „Десанка Максимовиќ“ збирката „Целулозен рокенрол“. Нејзината трета збирка поезија „Мојата мајка знае што се случува во градовите“ ја објавува во 2020 година. Оваа книга е преведена и на македонски јазик.

РУРАЛЕН ПАНК: СРПСКАТА ПОЕТЕСА ШТО ГИ ОПЕА ТРАКТОРИТЕ И ЖИВОТОТ НА СЕЛО ПРЕВЕДЕНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Застапена е во зборници и онлајн списанија. Учествувала на бројни читања на поезија, како и на неколку работилници за креативно пишување. Песните ѝ се преведени на англиски, германски, француски, грчки, македонски, хебрејски и други јазици.
Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

 

Сподели