„Чисти ридови за сите“, еко-акција во Струмичко

„Чисти ридови за сите“ е насловот на еко-акцијата која на 26 март повторно ќе ги мобилизира граѓаните на Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Општините, училиштата, граѓанскиот сектор, спортските здруженија, асцоцијации, граѓански иницијативи и индивидуалци од четирите општини ќе чистат на неколку места во сите општини поединечно.

– На природата ѝ треба наша постојана заштита и заштита. Човештвото не мисли дека уништувањето на шумите, загадувањето на водата, уништувањето на животните доведува до смрт на природата. Дополнително, создавањето на мини депонии од страна на несовесните граѓани ја груби општата перцепција за тоа како треба да се однесуваме кон средината во која живееме – велат организаторите.

Тие додаваат дека еко-акцијата „Чисти ридови за сите“ веќе неколку пати покажува како наместо да се загадува животната средина, таа редовно треба да се чисти и штити. Во соработка со речиси сите општествени чинители како да се создаде континуирана стратегија кој ќе ги потсетува луѓето што не водат доволно грижа за овој клучен момент да бидат запознаени кои се бенефитите од здрава и чиста животна средина.

– Загадувачите треба да бидат информирани за негативните постапки и соодветно казнети. Наместо да бидеме сведоци на еколошка катастрофа, со оваа еко-акција оставаме позитивен пример и за идните генерации. Никој не сака загадена почва, вода и воздух. Потребни ни се почести акции за чистење на околината во која живееме. Секој од нас може и мора да ги почитува елементарните правила на еколошката култура. Одржувањето на улиците чисти, фрлањето ѓубре на посебно одредени места е лесно, а особено е важно да бидат одржувани чисти сите излетнички места и локации кои се посетуваат за рекреација и забава – велат организаторите.

Сподели