По три одлични изведби, „Лилјакот“ од Јохан Штраус II утревечер во 20 часот ќе се изведе повторно на големата сцена на Македонската опера и балет. „Лилјакот“ е светски позната оперета што ја слави радоста, музиката и ведрината на
животот, со шармантни сцени, хумор и незаборавни арии. Оперетата ја освои публиката, која ја опиша како „возбудлива, духовита и емоционално живописна“ и која ја поздрави со овации и силни аплаузи.
Оваа изведба, под диригентска палка на Бисера Чадловска и во режија на Љупка Јакимовска, нуди уште една можност за љубителите на уметноста да уживаат во празнична вечер исполнета со музика, раскош и многу смеа.





