Филмот „Утре наутро“ во режија и по сценарио на Јани Бојаџи ја доживеа својата премиера завчеравечер пред публика што исполни четири сали во „Синеплекс“. Комплетната екипа на филмот се поклони пред публиката во салите, а веќе започна целосна дистрибуција и низ Македонија (Штип, Велес, Богданци, Струга и Крива Паланка). Главните улоги ги толкуваат Нина Деан и Ирена Илиевска, а останатите – Гоце Андонов, Јана Никодиновска, Кети Дончевска Илиќ, Бајрам Северџан, Горан Стојаноски, Васил Зафирчев, Роберт Вељановски, Благој Веселинов, Јана Вељановска, Димитрина Мицкоска.

Јани Бојаџи е сценарист, режисер, продуцент, композитор, продукциски дизајнер на филмот. Извршен продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Дарио Секуловски, монтажер е Давид Дулев, сценограф е Гоце Попов, костимографка – Зорка Тодорова, шминкерка – Ирена Сенокозлиовска. Продуценти се: Синемон медија фактори, Револушн продакшн во соработка со Алфа Национална телевизија.

Приказната на „Утре наутро“ е за две жени кои бараат доволно причини, едната да замине, а другата да остане во земјата, полни со надеж дека утре наутро ќе биде подобро од денеска, ја погледнаа бројни претставници на политичкиот и културниот живот во земјава.






