Четири претстави ќе бидат дел од првиот блок на Млад отворен театар до 1 декември. Поради тридневната жалост, програмата на фестивалот претрпе промени. МОТ ќе продолжи в петок (26 ноември) во 20 часот со изведбата на „Вишновата градина“ на Турскиот театар. „Вишновата градина“ денес е драма за транзицијата, за неподносливата леснотија на пропаѓањето на општеството и цивилизацијата – вели режисерот Милчин.

На 27 ноември во 20 часот на мала сцена, не презакажана македонската премиера на „Нема да биде крај на светот“,во режија на Нина Николиќ.

.Оваа претстава се занимава токму со тоа, рушењето на интимните светови. Сите три лика под кожа ја носат пропаста на сопствениот свет. Односно, светот каков што го замислувале за себе, за кој се бореле, кој го граделе или за кој мислеле дека ги чека, а тие требало само да му излезат во пресрет

„Уметноста е ормар“ е насловот на претставата на Словенско младинско гледалишче, в режија на Иван Петернељ, која ќе биде изведена на 27 ноември во 22 часот на големата сцена во МНТ.

Претставата „Уметноста е ормар“ произлегува од заумниот свет на Хармс, третирајќи го тој авангардист како идеален соговорник за да проговори за светот во кој живееме.

Првиот блок на МОТ ќе биде затворен со гостувањето на Народниот театар од Прилеп со претставата „Глембаеви“, во режија на Бранко Брезовац. Оваа претстава ќе биде изведена на 1 декември во 20 часот во „Фросина“.

Изворно, „Глембаеви“ зборува за пропаѓањето на една голема капиталистичка фамилија, за тоа колку тешко настанала големината на таа фамилија, како со лукавство се одржувала и како перверзно пропаднала.

„Глембаеви“ се, ако сакаме, критика на нововековната тајкунска чудовишност, но критичар на таа чудовишност ама баш никако не може да се пронајде во корпусот на таа драма. Може само што побрзо да се признае дека метежот и матнината се мрачни, какви-такви, темели на нашата ослободеност за и пред проблемот.

 Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ. Фестивалот е поддржан од Град Скопје и од Министерството за култура.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.