Четворица средношколци од Македонија освоија награди за успешно учество на 51. Меѓународна олимпијада по физика, што беше организиарана во Вилнус, Литванија од 17 до денес. Нашите ученици ги решаваа задачите во просториите на Институтот по физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје, под лидерство на проф. д-р Ламбе Барандовски и проф. д-р Боце Митревски.
Пофалници добија следниве ученици:
Мајкл Георгиевски – ученик во втора година во СОУ „Добри Даскалов“ – Кавадарци,
Матеј Гелев – ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје,
Јан Стојановски – ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје и
Димитар Џорлев, ученик во трета година во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.
Во тимот учествуваше и Драго Јакимовски – ученик во трета година во СОУ „Орце Николов“ – Скопје кој достојно се претстави на Олимпијадата и само 0,7 поени го делеа од пофалница, објаснуваат од Друштвото на физичарите на Македонија.

Во подготовката на учениците, за Олимпијадата, покрај лидерите на тимот учествуваа и други членови на ДФРМ, вработени на Институтот за физика при ПМФ и поранешни наши олимпијци: доц. д-р Трифче Сандев, проф. д-р Ирина Петреска, асс. м-р Христијан Кочанковски, Александар Иванов и Гоце Геговски.
Натпреварот се одржа на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде за целосната организација и тек на натпреварот во двата натпреварувачки дена, се погрижија проф. д-р Александар Скепаровски, асс м-р Христијан Кочанковски и м-р Јане Јовановски.
Агенцијата за млади и спорт која го подржаа нашиот тим обезбедувајќи средства за учество на Олимпијадата, Царинската служба на Македонија и ТНТ ФЕДЕКС, кои максимално се погрижија експерименталните задачи да пристигнат на ПМФ на време пред олимпијадата и без никакви оштетувања.
Следната 52. Меѓународна олимпијада по физика ќе се одржи во јули 2022 година во Минск, Белорусија.





