Четири броја на „Филозофскa трибинa“ во 2022

Во изминатите два-три месеци излегоа од печат четири броја од единственото специјализирано филозофско списание на македонски јазик „Филозофска трибина“. Два заостанати броја од 2020 година (броевите 27. и 28.) и двете редовни изданија за оваа, 2022 година (броевите 31. и 32.). Издавач на списанието е Филозофското друштво на Македонија и броевите од 2020 год. Се самостојно издадени, додека оние од 2022 год. се со поддршка на Министерството за култура.

Во „Филозофска трибина 27“ се поместени два пригодна текста (In memoriam), посветени на проф. д-р Виолета Панзова (1948–2020) од универзитетските професори и колеги, Мирко Ѓошевски и Ана Димишковска. Исто така, приложен е и омаж по повод 100 години од раѓањето на доајенот на македонската логичка мисла, проф. д-р Јонче Јосифовски (1920–2009), односно пригоден текст на проф.

Вера Георгиева, како и еден текст од Јосифовски од 1969 година. Главнината на оваа „Трибина“ се однесува на тематот: „Човекот како мера: 2500 години од раѓањето на Протагора“. Во него читателите ќе можат да прочитаат десет статии коишто првично беа презентирани на истоимениот симпозиум одржан на 16. одбележување на Светскиот ден на филозофијата (21 ноември 2019), односно текстови од авторите: Витомир Митевски, Иван Џепароски, Мирко Ѓошевски, Радомир Виденовиќ, Душица Ѓокиќ, Бошко Караџов, Јасмина Мојсиева–Гушева, Марија Тодоровска, Самуел Садикарио–Колономос и Ана Кечан. Во оваа „Филозофска трибина“ се среќава и Превод на еден текст на англиски јазик од српскиот филозоф Драган Проле од страна на Мариглен Демири, како и еден текст во рубриката Студентски форум од Фросина Ѓоревска. Во рубриката Библиографии е предочен најголемиот дел од објавеното филозофско и логичко творештво на проф. Панзова.

Повеќе за сите броеви на „Филозофска трибина“, прочитајте на следниот линк.

Сподели