На Европската олимпијада по физика што се одржа во Софија, Бугарија, македонската репрезентација освои бронзен медал. Медалот го освои Дамјан Стојанов, ученик во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Пофалници освоија Искра Нечаковска, ученичка во трета година во СОУ „Јосип Броз-Тито“, Битола и Андреј Стојановски, ученик во четврта година во „Јахја Кемал“, Скопје.






