Бронза за Дамјан Давков на 35. Интернационална олимпијада по информатика

Средношколецот Дамјан Давков освои бронзен медал за Македонија на 35. Интернационална олимпијада по информатика која се одржува во Сегедин, Унгарија. Пофалница доби Марко Петров, а добар пласман освоија и натпреварувачите Благој Рујаноски Стојановски и Иван Занов.

Дамјан Давков

Подготовките и улеството на нашиот тим на светската олимпијада го организираше Здружението на информатичарите на Македонија. Водачи на нашиот тим беа д-р Емил Станков и Владислав Бидиков.

ИОИ почна на 28 авгист, а завршува денеска. На натпреварот учествуваа 360 натпреварувачи и 189 тим-лидери од 90 земји од светот. Давков пред два месеца освои историски златен медал за Македонија на Интернационалната математичка олимпијада што се одржа во Јапонија.

Фото: Здружение на информатичарите на Македонија

Сподели