Бронзен медал и две пофалници за младите математичарки на ЕГМО

Бронзен медал освои Емилија Николовска на Европската женска математичка олимпијада што се одржува во Порторож, Словенија. Пофалници освоија учениичките Ивона Зикова и Миша Веселински, а успешно се претстави и Сара Тошевска. Вечерва е свечената церемонија за доделување на наградите.

Тимот е предводен од проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска и заменик водачот Ерблина Зеќири, двете од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и членки на Сојузот на математичарите на Македонија, здружение акредитирано да го организира нашето претставување на Олимпијадата.

Македонскиот тим го сочинуваат три ученички на Математичко-информатичката гимназија од Скопје –Николовска и Зикова (двете во трета година), Тошевска – (втора година), а Веселински е втора година во ПСУ „Јахја Кемал – Скопје“.

Македонија на овој натпревар учествува од 2015 година. Минатата година репрезентаткивите на нашата земја освоија две бронзи и една пофалница.

 

Сподели