Бразилецот Матеус Еванжелиста и Французинката Каролин Жуис победници на 37. Охридски пливачки маратон

За време од 5 часа, 45 минути, 5 секунди, Бразилецот Матеус Еванжелиста го заврши Охридскиот пливачки маратон денес. Патеката „Климе Савин“ долга 25 километри од Св. Наум до Охрид од жените најбрзо ја помина Французинката Каролин Жуис, за време од 5 часа, 46 минути и 51 секунда. Жуис минатата година постигна рекорд на Охридскиот пливачки маратон препливувајќи ја патеката за рекордно време од 5 часа, 5 минути и 59 секунди.

Во машка конкуренција втор на целта пристигна Марсел Шауле од Холандија со време 5 часа 46 минути 50 секунди, само две секунди пред нашиот претставник Евгениј Поп Ацев кој заврши трет со време од 5 часа 46 минути 52 секунди.

Втора во женска конкуренција пристигна на целта пристигна Мајте Пука од Аргентина со време од 5 часа 52 минути 36 секунди пред Инес Делакроа која пристигна трета со време од 5 часа 57 минути и 18 секунди од Франција.

Организатор на маратонот е Општина Охрид со поддршка на Претседателот на Република Македонија, Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор на настанот е ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид.

Оваа година маратонската трка беше дел од „LEN World Aquatics“.

Македонија ја претставуваа уште двајца маратонци (Леонид Мишевски и Александар Илиевски, како и 17-годишната пливачка Росана Гошева, која прв пат го исплива Охридскиот маратон.

Фото: Александра Момироска

Сподели