„Божествена рапсодија“ на „Трисомија 21“ и Колектив „Ветерница“ во МНТ

Во Македонскиот народен театар вечерва во 18 часот ќе биде изведена „Божествена рапсодија“ – ексклузивно и интригантно шоу во продукција на „Трисомија 21“ од Скопје, а во режија на Колектив „Ветерница“.

– Шоуто низ македонската музика парадира со експериментални музички аранжмани, со кои преку безусловна соработка на инклузивниот хор, комуникација и секојдневие постигнуваме заедништво. Опуштете се и вклучете се во оваа моќна приказна. Се ќе биде добро на крајот. Или не. Изгледа дека и вие играте улога – вајавуваат организаторите.

Играат: Елизабета Петковска, Ена Митревска, Коста Аризанов, Марио Мицкоски, Стефан Трпковски, Матеј Аларов, Оливер Блажевски, Ирина Прокопиева, Филип Ангеловски

Иво Веиќ, Нана Танеска, Ена Ковачевска, Ивана Полизовски, Данаја Ефтимова, Мартин Манчевски, Матеј Петровски, Ана Јовановска. Проектот е поддржан од Министерството за култура и од МНТ.

Сподели