Бојан Саздов на панел-дискусија на Саемот на книгата во Солун

„Меѓународниот пазар на книги: балканските земји“ е тема на панел-дискусијата во рамките на Солунскиот саем на книгата на која учествува претседателот на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), Бојан Саздов. Тој гостува на покана на Грчката фондација за култура.

Координатор на дискусијата ќе биде Јанис Краниас, потпретседател на Грчката федерација на издавачи и книжари, а ќе учествуваат и претставници на издавачките сектори од Албанија, Романија и Бугарија.

– Поканата за учество на оваа панел-дискусија е значаен настан, кој и нашите колеги-издавачи од Грција и ние го гледаме како здрав чекор кон идна плодна соработка. Културата и книжевноста не знаат за граници и верувам дека со нашето претставување ќе придонесеме за афирмација на нашето издаваштво и книжевност во балкански рамки – вели Саздов.

Сподели