„Боцкаме на кирилица“ вечерва во „Бруталиск“

„Боцкаме на кирилица“ е првиот настан што го организира редакцијата на Трн.мк вечерва во 20 часот во „Бруталиск“ во Скопје.

– Многумина нè прашаа зошто не организираме друштвени настани? Не одговоривме никому ништо, туку седнавме, мислевме и еве го одговорот. Дојдете и „боцнете“ од кириличното мени – велат од Трн.

Ќе настапат: Јовица Михајловски со кириличен поздрав, Џијан Емин со музичка подлога и диџејски сет, Ивана Павлаковиќ и Несрин Таир со изведба на народно творештво собрано од Цепенков, ТеатроСк со статуа од собирачот на народно творештво, Давор Кешкец ќе црта кирилица во живо, а Васо ќе има диџејски перформанс.

Сподели