Благодарници за Умно.мк и дваесеттина институции, компании и поединци од Друштвото на физичарите

Умно.мк зедно со дваесеттина институции, комании и индивидуалци доби благодарница од Друштвото на физичарите на Република Македонија за поддршка на нивната работа со талентираните ученици и го помагаат учеството на олимпијадите. Во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера Друштвото ја одржа традиционалната предновогодишна свеченост, на која пред присутните ученици, студенти, претставници на факултетот, гости, преставници на општествено одговорните компании и државните институциите кои ја поддржуваат работата со талентираните ученици од Македонија.

На свеченоста, претседателот на ДФРМ проф. д-р Ламбе Барандовски ги презентираше резултатите кои македонските ученици ги постигнаа на меѓународните олимпијади по физика и природни науки. Тој го објасни системот на натпревари по физика за учениците од основните и средните училишта кои ДФРМ ги организира повеќе од шест децении и патот кој го поминуваат учениците кои ја преставуваат Македонија на балканската, европската и светската олимпијада по физика, како и Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, и ги презентираше успесите на секоја од нив.

Ламбе Барандовски

Учениците годинава од олимпијадите се вратија со 2 сребрени, 10 бронзени медали и 4 награди за успешно учество. Од име на поддржувачите и донаторите на ДФРМ се заблагодари директорот на ТИРЗ (Технолошко индустриски развојни зони), Јован Деспотовски.

Јован Деспотовски

Тој ја истакна важноста од подршката на талентираните ученици и потенцираше дека ТИРЗ е посветен на создавање можности, поддршка на талентираните ученици и зајакнување на можностите младите бестрашно да ги остваруваат своите соништа. Благодарници добија: Финансиско друштво „СН финансии“ од Битола, д-р Лилјана Кочоска-Мараш, Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт, ТУРЗ (Технолошко индустриски развојни зони), „Алпи Македонија“ од Скопје, Умно.мк, АД ТЕЦ Неготино, ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје, Општина Куманово, „Магрони“ од Скопје, АМД-Сообраќаен центар од Пробиштип, „Дд-фуд“ од Скопје, „Метал-нет“, „Екстра меин Борис“, „Куманово спа“, „Арс дизајн“, ПЗУ „Тomovski Enterpreyes“, „Икс-миледи“, сите од Куманово, „Карго солутионс“, „Ду-бо дд маркети“ и „Бониер – друштво за авио услуги“.

Фото: ДФРМ

Сподели