Филмот „Бизнисот на задоволството“ во режија на Гоце Цветановски ќе учествува на Меѓународниот фестивал na Карипското Море, што ќе се организира од 19 до 21 јануари во Венецуела. Ова е трет пат филмот да има проекција во Латинска Америка, каде што лани доби награда за најдобар филм на филмските фестивали во Перу и Панама.
Во главните улоги играат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а продуценти се Богдан Јончевски, Дритон Рамадани и Гоце Цветановски.
„Бизнисот на задоволството“ е поддржан од Агенцијата за филм, а македонската публика напролет ќе може да го види и во киносалите кај нас.
Филмот на Цветановски има освоено пет награди во 2023 година, а политичкиот трилер ја третира темата на трговија си жени.
Ова е трет пат филмот да игра во Латинска Америка, каде што лани доби награда за најдобар филм на филмските фестивали во Перу и Панама.





