Филмот „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски ја освои наградата за најдобар меѓународен долгометражен филм на Меѓународниот филмски фестивал во Панама.
Филмот „Бизнисот на задоволството“ е трилер – драма во која опседната со исчезнувањето на најдобрата пријателка, жртва на трговијата со жени, една новинарка подготвува тајна операција со цел да ја разоткрие криминалната мрежа. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола и се борат да спасат жива глава.
Улогите ги толкуваат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски и Елени Декидис.
Сценариото, монтажата и режијата се на Гоце Цветановкси, кинематографер на филмот е Фејми Даут. Продуцент на филмот е на Македонска крепост, заедно со A White River Films, City Star Production, Seven Image и 351 Studio. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.





