Битолскиот театар учествува на фестивал во Полска со претставата „На отворено море“

Битолскиот театар вечерва ќе гостува во полскиот град Бјалисток, каде ќе ја изведе претставата „На отворено море“, според текстот на Славомир Мрожек, а во режија на Благој Мицевски. Гостувањето е на фестивалот Direction East. Во претставата играат: Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски.

Драматург на претставата е Оливера Павловиќ, која во претставата отворено го поставува прашањето за тоа каде е човештвото денес.

„На истото море, кое премина во океан од настани за кои веќе нема коментар, нема критериум според кој ќе бидат верификувани, најмалку политички метод за утврдување на нивниот човечен карактер, односно достоинство дека се резултат на човечка култура и цивилизација. Нашата денешна животна реалност ја премина секоја апсурдност на драмските дејствија во пиесите на апсурдите“, се вели во претставата.

Текстот на Мрожек датира од 1961 година. Костимографијата е на Благој Мицевски, сценографијата на Валентин Светозарев, музиката на Александар Димовски, дизајнот на рекламен материјал – Сашо Илковски.

Сподели