Премиерата на „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, е закажана за вечерва во 19.30 часот во Центарот за култура во Битола. На премиерата ќе присуствува и филмската екипа: режисерката Котевска, монтажерот Мартин Иванов и продуцентот Јорданчо Петковски.
По проекцијата на филмот следува и дискусија за филмот со екипата, а публиката ќе има можност да постави прашања.
Филмот до сабота ќе се прикажува во терминот од 21.30 часот.





