„Битфест“ почнува со „Симфонија на ѕвездите“

„Симфонија на ѕвездите“ е насловен големиот музички спектакл со кој на 3 јули ќе биде отворено 16. издание на Битолското културно лето „Битфест“. Отворањето е во соработка со Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect. Програмскиот дел ќе започне со содржини за најмладите, односно мини олимпијада, настап на диџеј и главните ѕвезди на вечерта.

– Ова е само најава на тоа што ќе следува – културно лето во кое покрај „Битфест“ ќе се одржат и традиционалните манифестации како Битола Шекспир фестивал, Илинденски денови и други настани, но ќе дадеме простор и за нови настани и манифестации – рече градоначалникот Тони Коњановски.

Владимир Димовски,задолжен за музичкиот дел, нагласи дека очекува незаборавен настан на отворањето на Битолското културно лето.

– Не паметам кога последен пат имало концерт на стадион во Битола. Овој настан ќе биде првиот од ваков вид и ќе го отвори патот за идни музички и културни манифестации од светски ранг. Нашата цел е да ги поместиме границите за организирање настани во нашиот град и да покажеме дека Битола може да биде домаќин на спектакуларни случувања на светско ниво – вели Димовски.

На „Битфест“ ќе настапат Констракта, Каролина, Суперхикс, Паркети, Brass Brothers и многу други локални ѕвезди.

Сподели