Биологија на ПМФ – што по дипломирањето?

Дали некогаш стес е запрашале: „Што можам да работам ако запишам биологија?“ – Одговорот е: многу повеќе отколку што мислите! Студиите по Биологија на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје отвораат широки можности за кариера – од лаборатории и училници, до национални паркови, компании и бизнис сектори.

Насоки: Молекуларна биологија со генетика, Биохемија и физиологија

Дипломираните биолози од овие насоки имаат можност да работат на позиции што вклучуваат од техничко-лабораториски задачи до специјализирани R&D улоги во:

– приватни и државни лаборатории за молекуларна биологија, генетика и микробиологија,
– фармацевтски и биотехнолошки компании,
– клинички лаборатории и приватни болници,
– истражувачки институти и универзитети (со продолжување на постдипломски студии).

Насока: Екологија и животна средина

Дипломираните еколози можат да се вработат во:

– еколошки организации и невладини организации (истражувања, теренски анализи),
– државни институции за заштита на природата и животната средина,
– приватни компании за консалтинг во областа на екологија и одржлив развој.

Наставна насока

Доколку ја одберете наставната насока, твојата кариера може да се гради во образованието:

– наставник по биологија во основни и средни училишта,
– едукатор во приватни образовни програми и курсеви.

Насока: Нутриционизам

Нутриционистите имаат широки можности за вработување бидејќи нивното знаење е применливо во повеќе сектори:

– Здравство – болници, клиники и јавно здравство,
– Приватни клиники и лаборатории – индивидуализирани планови и анализа на телесен состав,
– Фитнес и велнес индустрија – планови за спортисти и рекреативци,

Продажба и бизнис сектор

Многу дипломирани биолози ја градат својата кариера во фармацевтски и медицински компании во секторот продажба:

– асистенти и специјалисти за продажба на медицинска и лабораториска опрема,
– претставници на фармацевтски компании,
– менаџери за продажба и проекти.

Биологијата е пат кон кариера што комбинира наука, технологија, здравје и животна средина. Со диплома од ПМФ можете да изберете дали ќе продолжите во истражување, ќе работите во лабораторија, ќе се вклучите во индустрија или ќе се насочите кон динамичниот свет на продажбата и бизнисот.

Сподели