Билборди со интересна порака утрово осамнаа во Скопје

„Да ги слушнеме и гушнеме“ е слоганот на неколку интересни билборди кои утрово осамнаа на неколку локации во Скопје. Претставени се уметнички илустрации кои испраќаат топла и емотивна порака – внука ѝ подава раце на баба на една од нив, на друга илустрација заедно читаат книга… Сцените се полни со емоција, а илустрациите се одликуваат со јак, но топол колорит, ретро елементи и игра со перспектива. Билбордите на некој начин на градот му даваат една нова димензија и го претвораат во галерија на отворено.

Засега нема информација за што конкретно се работи, единствено на билбордите е поставеното лого на „Халкбанк“. Погледнете ги фотографиите што ги направивме утринава.

Сподели