Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, вечерва во 19 часот ќе биде отворена биеналната изложба на графики „Кумановски графичари 2021“. Со свои дела ќе се претстават: Зоран Јакимовски, Мирослава Цветковиќ, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Александар Стефановски , Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Стефан Анчевски и Дејвид Стоилковски. Изложбата 20-ина графики од најновата продукција на овие уметници, работени во повеќе графички техники.

Дејвид Стоилковски – „Планински врвови“, сериграфија

Изложбата на графики „Кумановски графичари 2021“ и покрај бројните проблеми со графичката продукција и сложените услови на дејствување во пандемска криза, сепак ќе ги израдува љубителите на графиката и ќе биде промовирана во Куманово. Замислена како биенално претставување на најновите графички остварувања на кумановските академски графичари, изложбата, за жал го изгуби чекорот на двегодишно промовирање на оваа актуелна гранка од областа на визуелните уметности. Причините се првенствено предизвикани од кризата, но и од намалената графичка продукција.

Ана Јовановска – „Гг – Ѓѓ“ (акватинта, 2020)

– Сепак, направените напори вродија со плод и успеавме да собереме една колекција од дваесеттина не излагани графички листови од 11 автори. Застапени се повеќе класични графички техники иако се забележува придвижување кон дигиталниот печат – техника којашто веројатно ќе доминира во претстојниот период. Со ова овозможивме континуитет на овој успешен серијал на афирмација на кумановските графичари претставувајќи им го актуелното творештво на ликовната критика и пошироката публика.
Изложбата ќе биде поставена до 09 декември, а потоа ќе биде презентирана пред љубителите на графиката во Неготино.

Ханифе Ислами – „Бегање“, линорез

Насловно дело: Симона Јакимовска – „Мост“ 2020, акватинта

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.