Бидете хумани, донирајте крв

Крводарителска акција за христијанскиот празник Голема Богородица организираат Црвениот крст на Македонија и Институтот за трансфузиона медицина. Традиционално по 21. пат акцијата ќе биде спроведена задутре (28 август) во Домот на АРМ во Скопје од 9 до 17 часот.

– Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 20 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4391 единици крв, или во просек 220 крводарители по акција – велат организаторите.

Тие ги покануваат сите граѓани да ја покажат својата хуманост и да донираат крв.

Сподели