Библиотечниот материјал од НУБ – културно наследство во опасност

Библиотечниот материјал од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе биде прогласен за културно наследство во опасност, рече на денешната прес-конференција министерката за култура Ирена Стефоска откако со новинарите ја посетија библиотеката која е запуштена и во прилично руинирана состојба.

– Овој статус ќе овозможи брзи интервенции за да се зачува, соодветно да се чува библиотечниот материјал. Така ќе може да се вложи и во стручен кадар, во опрема и во збогатување на содржината на библиотечниот фонд – објасни Стефоска.

Сподели