Бесплатни онлајн-курсеви за новинари на Фондацијата „Томсон“

Бесплатни онлајн-курсеви за новинари целосно достапни на македонски јазик подготви Фондацијата „Томсон“. Курсевите се однапред снимени, бесплатни, самостојни и може да се завршат во секое време. За секој курс се потребни помалку од два часа, а за секој поминат курс се добива сертификат од Фондацијата „Томсон“

– Сите што ќе завршат кој било од курсевите ќе имаат предност при пријавување за идните тренинзи/проекти од Фондацијата „Томсон“ – напредни обуки, менторски програми и регионални настани за новинари – велат од фондацијата.

Сите заинтересирани медиумски работници може да ги завршат курсевите за: Уметноста на раскажување приказни, Вештачка Интелигенција (ВИ) во редакцијата: Етички пристап, Мобилно новинарство, Новинарство на повеќе платформи и Економско новинарство – Воведен курс. Промотивниот бесплатен период наскоро завршува.

Сподели