Бесплатен влез на сите локалитети, музеи и културно-историски споменици под надлежност на Заводот за заштита на споменици и музеј од Охрид ќе биде организиран секој прв ден во месецот од октомври до мај идната година. Бесплатно ќе можете да влезете во: Самуилова тврдина, Галеријата на икони, Куќата на Робевци, Куќата на Христо Узунов и Музејот на вода – Градиште. Влезот е слободен за сите граѓани на Македонија.
– Целта е да го доближиме културното наследство до нашите посетители, пред сè до локалното население, но и до сите граѓани. Се надеваме дека на овој начин сите кои досега не ги посетиле нашите локалитети и музеи, ќе може да го сторат тоа во посочените денови – велат од Заводот и музеј.
Оваа година тоа се деновите 1 октомври (петок), 2 ноември (вторник, бодејќи понеделник е неработен ден за сите музеи во светот), и 1 декември (среда).
Насловна фотографија: Завод и музеј од Охрид





